Видео: Погледнете кој ќе не забавува на Пиволенд

На неколку недели од почетокот на овогодинешното издание на гурманскиот викенд на Пиво, фестивалот Пиволенд, организаторите ја објавија музичката програма за сите пет дена,  колку што ќе трае овој фестивал. И оваа година под мотото 100 проценти македонски бренд, Пиволенд им дава голема поддршка на македонските артисти и македонската музичка сцена. На едно место, публиката ќе има можност да ужива во легендите на македонската музика- Леб и Сол, Мизар, Селимова- Желчевски, популарните поп изведувачи Влатко Лозановски, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Димитар Андоновски, Тајзи како и неизбежните цареви на ноќните свирки Бени и Нон Стоп, Жаре Бербер, Дани Димитровска, Бета Хаус,  Тумбао Салса Бенд , Тони Михајловски и Скандал Састаф  како и алтренативните бендови од македонскиот андерграунд- Д Џон, Смат, Сиз, К.У.Р(Културно Уметнички Работници), Хроматик Поинт и Брука.
Веќе по традиција, за љубителите на електронската музика и хип хопот, ќе настапуваат Дј Славе и Галактик Експлорерс. За атмосферата да биде што поразиграна ќе се погрижат и МВП од Белград, како и реге составот Јосип А Лисац од Нови Сад.  Од организацијата најавуваат уште неколку изненадувања за кои што сепак е се уште рано да бидат откриени, но веруваме дека Пиволенд оваа година ќе овозможи уживање во сите музички правци, како и во големиот избор на странски пива, но и гурманска храна.  
Погледнете ја целосната програма за Пиволенд 2014:

Среда
–        Астероид Б 612
–        Хроматик Поинт
–        Бени и Нон Стоп
–        Леб и Сол
–        Д Џон
 
 
Четврток
–        Фреш ( Победници на конкурсот за млади бендови)
–        К.У.Р ( Културно Уметнички Работници)
–        СИЗ
–        СМАТ
–        Тијана Дапчевиќ
–        МВП ( СР)
–        Мизар
Петок
–        Фреш ( Победници на конкурсот за млади бендови)
–        Пука Банд Брука
–        Тумбао Салса Бенд
–        Тајзи
–        Тамара
–        Дј Славе
–        Галактик Експлорерс ( Дј Кокс)
 
Сабота
–        Фреш( Победници на конкурсот за млади бендови)
–        Димитар Андоновски
–        Трибјут 2 Пинк Флојд
–        Дани Димитровска
–        Јосип А Лисац
–        Жаре Бербер
 
Недела
–        Бански Старчета
–        Селимова-Желчевски
–        Влатко Лозановски- Лозано
–        Бета Хаус
–        Тони Михајловски и Скандал Састаф
И оваа година под мотото 100 проценти македонски бренд, Пиволенд им дава голема поддршка на македонските артисти и македонската музичка сцена. На е

Пронајдете не на следниве мрежи: