Во изминатиот период Димитар, Салаетин, Марко, Миа и Габи, Ламбе и Нина, Жан, Есма, Наташа и Дани, Мартин и Анита, како и Емилија и Симона, Баже и ДЈ Шорти од нашата држава ги зближи една иста идеја: Да помогнат да се крене гласот против климатските промени и да се направат напори за подобрување на нашата животна средина.Пред објективот на камерите, познатите имаа да кажат по нешто свое. Некој зборуваше за тоа како загаденоста на воздухот влијае врз здравјето на луѓето, друг за штетите кои го предизвикуваат растот на температурите и зачестените бури и поплави, но сите едногласно заклучија дека покрај напорите што се прават на глобално и национално ниво и секоја личност може да даде свој придонес во борбата против климатските промени и да направи разлика со иновативни идеи и промени во секојдневниот начин на живеење.
Но, најгласната порака беше единствена и кратка: #OдTебеЗависи! Цел на конкурсот е да се поттикнат граѓаните да предложат иновативни идеи за намалување на своето влијание врз климата како и да се подобри урбаната отпорност во однос на климатските промени. Граѓаните можат да дадат паметни и иновативни предлози за тоа како можат тие самите да придонесат за намалување на емисиите на стакленички гасови и адаптација на климатските промени кои директно влијаат врз нивното живеење.
Предизвикот е организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Амбасадата на Шведска, Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), Милиеуконтакт Македонија и Центарот за социјални иновации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Погледнете ги пораките на: Димитар Атанасовски, Салаетин Билал, Марко Новески, Габриела Додевска, Миа Костова, Ламбе Алабаковски, Нина Јанева, Жан, Есма Реџепова, Наташа Илиевска, Дани Димитровска, Мартин Стефановски, Анита Љатифи, Емилија Бунтевска, Симона Станковска, Баже Илијоски, Владимир Блажев-ДЈ Шорти и започнете со подготовка на вашата идеја за спротивставување на климатските промени.
Провери ги деталите на: www.odtebezavisi.mk и Аплицирај веднаш!
Повикот трае до 28 февруари, 2015 година!Пред објективот на камерите, познатите имаа да кажат по нешто свое. Некој зборуваше за тоа како загаденоста на воздухот влијае врз здравјето на луѓ