Видео: Поранешен пилот направил анимација за падот на Боинг 777

Американски пилот на Боинг направи реален приказ на летот на авионот кој неодамна падна во Сан Франциско.
Поранешниот пилот на Боинг 727 и талентиран видео аниматор Jack Suchoski, направил прецизна анимација која покажува како дошло до фаталниот пад на Боингот 777 во Сан Франциско и како всушност требал да изгледа неговиот лет.
Џек, за оваа видео анимација користел повеќе извори на информации, имено сведоците од местото на настанот. Видео е објавено и на YouTube.
Да ве потсетиме, Боинг 777 се урна на 7 јули, при обид да слета на меѓународниот аеродром во Сан Франциско. Падот се случи додека авионот слетувал на пистата која почнува на работ на Заливот на Сан Франциско. Во авионот имало околу 300 луѓе, а три од нив починале.Американски пилот на Боинг направи реален приказ на летот на авионот кој неодамна падна во Сан Франциско.

Пронајдете не на следниве мрежи: