Видео: После оваа видео снимка, светот повеќе нема да биде ист

Снимката која ќе ја видите потсетува на првиот комерцијално достапен сателитски систем кој секојдневно емитува видео снимки од висока дефиниција. Во прашање е микро-сателит Skajsat-1, снимките кои ги емитува се импресивни, од кои застанува здивот, а истовремено и застрашувачки.„Компаниите за прв пат може да ја надгледуваат мрежата на своите погони и објекти во светот, преку снимки во движење, без потреба да ангажираат авион, или тим на теренот“, пишува Џон Кларк од Скајбокс на својот блог оваа недела.
Визијата на оваа компанија е да „обезбеди навремени сателитски податоци кои обезбедуваат увид во секојдневните активности низ целиот свет.“
Дигиталните картографи сега изнаоѓаат начини овој нов извор на геосвемирски податоци да се искористи, но веќе и самата можност некој дел од светот неколку пати на ден да се набљудува од универзумот отвора голема перспектива.

Какви ќе бидат овие сознанија и кој ќе има корист од нив, се уште не е јасно. До сега, никој надвор од војската немал пристап до таквите информации, а теориски ќе биде можно од универзумот да се следи секој поединец на планетата.
Големи потенцијали постојат кога станува збор за индустрии како што се земјоделството, аеродроми, објекти за следење, безбедноста, управувањето со синџирот на снабдување и нуклеарните електрани.

Во план е изградба на 24 сателити, кои ќе ја покријат целата земја
Во прашање е најсовремена технологија, создадена од страна на принципот: Колкава е најмалата кутија во која може да се стави нешто на комерцијална вредност? Се бараше систем кој испраќа високо-квалитетни слики од вселената, со доволно висока резолуција за да се покаже економската активност, а притоа да се евтини и бројни (tajmlajn).
Skajboks верува дека задачата е исполнета, со оглед дека неговата Skajsat големина на телефонски именик, а троши помалку енергија отколку светилка од 100 вати.
Добредојдовте во иднината!„Компаниите за прв пат може да ја надгледуваат мрежата на своите погони и објекти во светот, преку снимки во движење, без потреба да ангажира

Пронајдете не на следниве мрежи: