четврток, 12 ноември 2026
Најново

Видео: Пратеник се соблече по гаќи среде говор

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Мексиканскиот конгрес го одобри законот со кој државниот енергетски сектор се отвара за странски инвестиции, но гласањето помина со многу кавги, па дури и соблекување на говорницата.Антонио Гарсија Конејо, член на демократската револуционерна партија, во знак на протест се соблече по долна облека и рече: „Вака вие ја соголувате нацијата“.
„Не ми е срам, а ова што вие го правите е срамно“, рече разолениот Канејо.
Според опозицијата законот кој дозволува странските компании да ги истражуваат наоѓалиштата за нафта и гас ќе доведе компаниите од САД да ја преземат доминантната улога на мексиканскиот пазар со нафта. Таква ситуација постоела до 1938 кога со закон било забрането странци да ги истражуваат изворите со енергенси во земјата.

Антонио Гарсија Конејо, член на демократската револуционерна партија, во знак на протест се соблече по долна облека и рече: „Вака вие ја сого

Поврзани вести