Платениците на СДСМ и на Сорос вчера дојдоа во срамен број, измаршираа од седиштето на СЈО по „Партизанска“ до Собранието на РМ и си заминаа на празничен ручек. Ниту автобусите од Струмица и Куманово не успеаја да го сокријат срамот од дебаклот на СДСМ, кој уште еднаш не успеа да собере достоен број граѓани кои ќе ги поддржат срамните политики за федерализација на државата.Антимакедонското движење на СДСМ и Сорос го предводеа рамо до рамо Заев и Верушевски, првоосомничениот во аферата „Пуч“, кој во скајп комуникацијата најавуваше украинско сценарио за Македонија и очекуваше дека благодарение на него по улиците низ државава ќе се леела крв до колена, на едната лента на „Партизанска“ и Шеќеринска на другата.
Сепак, народот ја препознава агендата на СДСМ и платениците, па ѝ сврте грб на дволичната, антидржавна политика на Заев бидејќи меѓу седум и осум илјади граѓани присустуваа на маршот, ни третина од оние кои ги собра Бранко Црвенковски на „Марш за слобода“. Слаб беше одзивот на помпезно најавуваниот и скапо платениот марш, а тоа уште еднаш е доказ дека Заев не успеа да биде Црвенковски и покрај парите од Сорос кои се слеваат во платеничките џебови.
Најголемиот дел од нив со полупразни автобуси беа донесени од внатрешноста на држава, а според информациите од теренот во голем број градови, празни автобуси биле откажани и воопшто не тргнале кон Скопје.
Најмалку 5.000 од присутните се донесени од Струмица и Куманово каде нивната егзистенција зависи токму од функционерите на СДСМ. СДСМ ги ангажира и административците под своја контрола, па и вработените од ПОЦ извршуваа партиски задачи и лепеа плакати.
Фијаското на СДСМ се подготвуваше и со печатење материјали, маички, беџови, плакати.
Извор: Инфомакс / Борислав СтоилковиќАнтимакедонското движење на СДСМ и Сорос го предводеа рамо до рамо Заев и Верушевски, првоосомничениот во аферата „Пуч“, кој во скајп к
Пронајдете не на следниве мрежи: