Ерик Нори е еден од 11,5 милиони личности кои ги нападнала ајкула, а веројатно е единствениот човек кој освен тоа претрпел и напад од уште две животни и удар од гром- а останал жив.Ерик Нори(40) од Флорида останал без дел од ногата кога на Бахамите го нападнала ајкула, пред очите на неговата сопруга и неговите четири ќерки. Ерик е или најголемиот „баксуз“ или најсреќниот човек во светот, бидејќи пред тоа преживеал кога бил каснат од змија, преживеал и удар од гром и напад од мајмун.
Веројатноста да ве нападне ајкула изнесува еден наспроти 11,5 милиони, а шансата да ве удри гром е еден наспроти 280.000.
Покрај бројните средби со смртта, Ерик вели дека помислил дека е готово кога го нападнала ајкулата.
-Почувствував крцкање на задниот дел од ногата, додека по подводниот риболов се враќав кон чамецот. Кога се свртев, ја видов ајкулата која носеше дел од мојата нога со себе, целата вода беше обоено со крв. –раскажува тој.
Од чамецот веднаш рипнале да му помогнат, тој успеал да го запре крварењето, врзувајќи ја раната.
Докоторите дошле на местото на несреќата, прво ја стабилизирале неговата состојба и потоа го однеле во болница, па веднаш го оперирале. Докторите се надеваат дека после неколку операции тој повторно ќе може да ја ористи ногата.
Ова е само една од несреќите кои му се случиле. Пред три години поради напад од змија поминал три години во болница. Токму кога заздравил, го нападнал мајмун, но оваа повреда не го загрозила неговиот живот.
Погледнете го видеото!Ерик Нори(40) од Флорида останал без дел од ногата кога на Бахамите го нападнала ајкула, пред очите на неговата сопруг