Природата уште еднаш ни приреди неверојатно изненадување:Неверојатен бисер од 34 килограми е пронајден на Филипините, а неговата приказна е уште поневеројатна од самото откритие.
Огромниот бисер всушност бил откриен во 2006 година од страна на еден рибар, но тој толку многу бил вљубен во бисерот, што си го чувал под кревет „за да му носи среќа“.
По цела деценија спиење врз нешто за што немал поим дека е огромно откритие, рибарот бил приморан да го напушти домот и си го земал богатството со себе. Наскоро потоа, го покажал на роднина, кој случајно се погодило да работи во туристичката дејност и така се дознало за ова грандиозно откритие.
Излегло дека откритието на рибарот го надминува претходниот рекорд на најголем бисер, за цели 27 килограми, а неговата вредност е проценета на неверојатни 100 милиони долари.
Бисерот е поставен во тамошниот музеј и е заштитен со стакло за туристите да можат да му се воодушевуваат додека се чека експертите да го испитаат.
Неверојатен бисер од 34 килограми е пронајден на Филипините, а неговата приказна е уште поневерој