И лидерот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар на СДСМ а сега и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски немаат одговор на прашањето, како и со која цел биле поврзани со осомничените во „Фабриката за афери“.
По се изгледа дека избегнувањето на одговори станува практика на СДСМ, а зборот „не знам“, дел од нивниот секојдневен вокабулар.
На прашањето за поврзаноста, фотографиите и материјалите пронајдени кај осомничените поврзани со фалсификувавте лични карти, Заев и Спасовски одговараат:
-Целиот овој период, јас и целото раководство повикуваме да ни пристапат граѓани кои што поседуваат докази, материјали за криминал и корупција на власта, вели Заев.
На прашањето како се нашле тие фотографиите кај осомничените, Заев вели дека тоа очекува да го покаже истрагата.
– И ја отворам можноста да се сликам и со некое осомничено лице, тоа не го менува фактот, појаснува Заев.
-Во однос на тоа дали сум имам контакт, јас имам контакт со многу граѓани на Република Македонија и од оваа и од позицијата која што претходно ја имав и тоа воопшто не е важно, вели Спасовски.
Спасовски вели дека воопшто знае дека тие лица со кои се фотографирал биле барани со потерница па одговара:
-Јас апсолутно не знам кои лица се барале по потерница, многу лица се бараат по потерница. И не знам дали треба да знам или дали треба да знае било како граѓанин на Република Македонија, заклучува Спасовски.
Избегнувањето давање одговор од страна на Заев и Спасовски фрла уште поголем сомнеж врз нив, а со збунетоста покажуваат дека само си ја „бркаат мувата од капата“.По се изгледа дека избегнувањето на одговори станува практика на СДСМ, а зборот „не знам“, дел од нивниот секојдневен вокабулар.