ВИДЕО: Се расчистува сметот и шутот: Сингелиќ 10 дена по поплавите

Во скопско Синѓелиќ се расчистува сметот и шутот. Проверка на состојбата на терен изврши и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, кој вели дека од денеска се започнува и со градежни, односно инжинерски работи на терен.-Ќе бидат санирани сите премини. Ќе бидат направени мостови. Веќе почнува да се нормализира сообраќајот па е неопходно да се направат премини за да можат граѓаните нормално да се движат. Има голем напредок во делот на Синѓелиќ. Заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети го поделивме на 14 региони. Во секој регион има по двајца војници, двајца од локалното население и еден комунален редар од градот Скопје. Тие кажуваат што и колку е потребно, изјави Трајановски.-Ќе бидат санирани сите премини. Ќе бидат направени мостови. Веќе почнува да се нормализира сообраќајот па е неопходно да се направат премини

Пронајдете не на следниве мрежи: