Веројатно сите се сеќавате на серијата „Големи и мали“, и веројатно сите го пуштавте тонот на телевизорот до крај кога ќе започнеше песната за најава. Можеби некои од вас ги имаа и снимено епизодите на видео касета, па ги гледаа по милионите пат…
Во секој случај мораме да признаеме дека во денешно време недостига една ваква серија која можеа да ја гледаат буквално и големи и мали.
Тука глумеа многу актери и актерки меѓу кои и тогаш едно малечко, итро дете кое седеше на една клупа и гледаше кој се доаѓа во маалото.
Веќе претпоставувате за кој станува збор!
Да, тоа е Жарко (Жаре) Димитриоски, познат во некогашната актуелна серијата, како Диме Такси.
Уште од мали нозе го поседувал талентот, а не можеме да не споменеме дека и сега е вистински шоумен на новата генерација.
Погледнете го ВИДЕОТО и навратете се во детството!Веројатно сите се сеќавате на серијата „Големи и мали“, и веројатно сите го пуштавте тоно