ВИДЕО: Се урна авион на „Флај Дубаи“ во Русија. Загинаа 62 лица!

Сите 62 патници и членови на екипажот загинаа кога авион од типот „Боинг 737-800“ на авиокомпанијата „Флај Дубаи“ се урна рано изутринава при обид за слетување на аеродромот во рускиот град Ростов на Дон, јави ТАСС.Руското Министерство за вонредни состојби инфромираше дека авионот кој летал на релација од Дубаи до Ростов на Дон, се урнал во 3:50 часот по локално време, при вториот обид за слетување на аеродромот.
– Авионот падна на земјата и се распадна. Според прелиминарните податоци, во него имаше 55 патници и седум членови на екипажот. Сите загинаа, наведува руското Министерство.
Во соопштението се посочува и дека најголем дел од патниците во леталото биле руски државјани. Од вкупниот број загинати патници 44 биле Руси, осуммина Украинци, двајца Индијци и еден Узбекистанец, додека од членовите на екипажот четворица биле државјани на Обединетите Арапски Емирати, двајца Шпанци и еден Русин.
Поради несреќата, аеродоромот во Ростов на Дон е затворен за сообраќај и сите летови се пренасочени кон Краснодар.
Според првичните резултати од истрагата, причина за падот на авионот најверојатно е лошото време, но не е исклучена можноста да станува збор и за грешка на пилотот.
Руското Министерство за вонредни состојби инфромираше дека авионот кој летал на релација од Дубаи до Ростов на Дон, се урнал во 3:50 часот по локал

Пронајдете не на следниве мрежи: