Видео: Се урна патнички авион во Русија, загинаа сите патници и екипажот

Се урна авион Боинг-737, кој сообраќал на домашен лет во Русија.Тој паднал при слетувањето на рускиот град Казан, а според првичните информации од руското Министерство за вонредни ситуации во несреќата загинале 50 лица, 44 патници и шест членови на екипажот.
– Во 19:30 часот по московско време на аеродромот во Казан при слетувањето се урна Боинг-737, кој сообраќал од Москва за Казан.

 
По урвивањето одекнала експлозија – нагласи Министерството. Се работи за летало на авиокомпанијата „Татарстан“. Авионот летал од Москва и се обидел по вторпат да слета на аеродромот и експлодирал при ударот. Казан е главен град на руската република Татарстан што се наоѓа околу 800 километри источно од Москва, а тамошниот аеродром е затворен по несреќата.
 

РепубликаТој паднал при слетувањето на рускиот град Казан, а според првичните информации од руското Министерство за вонредни ситуации во несреќата загинале

Пронајдете не на следниве мрежи: