Видео: „Сега и Мандела умре, се надевам дека нема да морам да одам на погреб“

Чешкиот премиер Јиржи Руснок му се пожали на министерот за одбрана дека се надева дека нема да мора да оди на погреб кај Мандела, бидејќи Јужноафриканската Република му е многу далеку. За време на ваквата изјава работеше микрофонот.Човече, сега дури и Мандела умре. Се надевам дека претседателот ќе оди, само јас да не одам, рече чешкиот премиер Јиржи Руснок во текот на преносот на седницата од Собранието. Со него коментирале уште двајца министри, а сето тоа го пренесе телевизијата СТ24.
Чешкиот министер за одбрана го утешил премиерот, велејќи дека до Јужна Африка ќе патува со воен авион на сметка на државата. Руснок тоа не го расположи, па се пожали и дека од долгиот пат се извлече претседателот на Чешка Милош Земан.
-Ужас, се надевам дека Милош ќе патува. Но докторите сигурно нема да му го дозволат тоа, – рече потиштено премиерот.
Претседателот поради проблемите со коленото ги откажа сите патувања во други земји, така што веројатно е дека нема ни сега да замине за Јужна Африка.
– Како тој ќе се качи во авионот? – ги праша премиерот колегите, а министерот за финансии Јан Фишер додаде дека Земан има проблеми со скалите. Со ова само ги зголеми сомнежите кај народот дека Земан има проблеми со алкохолот.
Фишер како заклучок  додаде дека сето ова е бесмислено, и дека ќе излезат уште глупости.
Погледнете го видеото:

Човече, сега дури и Мандела умре. Се надевам дека претседателот ќе оди, само јас да не одам, рече чешкиот премиер Јиржи Руснок во текот на преносот

Пронајдете не на следниве мрежи: