Иако секое утро се буди со страв дека ќе остане без новото лице, Норис не се предава. Откако во пукање му било уништено половина од лицето, Ричард Ли Норис (37), цели 16 години живеел во пекол. Без заби, нос, и дел од јазикот, тој не бил во состојба да осети мирис, а кога ќе излегол од дома (најчесто навечер), бил принуден да се крие зад маска.
Норис живеел на овој начин се додека тимот на хирурзи од Универзитетската клиника во Мериленд, меѓу кои беше и пластичниот хирург со српско потекло – Бранко Бојовиќ, не му подари ново лице.
Во една од најкомплицираните операции заменети му се неговите коски од вилицата, забите, јазикот, нервите и мускулите на лицето. Операцијата траела 36 часа, во неа учествувале дури 150 доктори и медицински сестри, а новото лице го добил од донатори кои истиот ден им го спасиле животот на уште пет пациенти.
– Додека личев на чудовиште се чудев како луѓето не ги кршеа вратовите додека зјапаа во мене – неодамна изјави Норис, на кој специјалистите му објасниле дека и понатаму постои голем ризик од отфрлање на органот и дека поради тоа мора секојдневно да оди на визуелна контрола.
– Секој ден се будам со страв: дали денес е тој ден кога ќе влезам во состојба на отфрлање, и дека ситуацијата ќе биде толку лоша, така што лекарите повеќе не ќе можат ништо да сторат – вели Ричард.
Но иако секој ден се буди со страв дека ќе остане без новото лице, Норис не се предава.
Откако повторно научи да јаде и зборува, тој зема и онлајн часови од информационите системи, но и размислува околу основање на фондација која би помогнала во плаќање на секојдневните трошоци на идните пациенти на кои ќе им биде извршена трансплантација на лице.Иако секое утро се буди со страв дека ќе остане без новото лице, Норис не се предава. Откако во пукање му било уништен