Видео-Слаткар:осуден сум но, не сум виновен!

Во новата емисија на „Еден на Еден“ ќе имаме можност да ги видиме Слаткар и Викса. Имено во емисијата слаткар искрено и отворено зборува за казната условен затвор која ја добил поради физички напад.”Осуден сум на три плус една година. Никогаш не знаев дека можам да пријавам, мислев дека ќе биде никому ништо. Тие пријавиле во полиција, мене ме осудија, а доколку истото го направев јас, тие ќе беа осудените” – вели Марко.Тој детално опишува за ноќта кога се случил нападот. Од друга страна ја искористи можноста и раскажа и за својата продукциска куќа и за соработката со Тајзи.

 
“Кога видов дека има 300.000 прегледи на YouTube веднаш најдов број и му се јавив” – вели Марко за тоа како ја почнал соработката со Драган.
Во вториот дел од емисијата ќе имаме можност да го видиме Викса. Кој раскажува дека пет години од најраното детство поминал во болница во Белград поради проблеми со пулсот.”Таму немаше луѓе за дружење, па морав да читам стрипови, играм карти, табла, шах. Да си кажувам вицеви со стари луѓе и го развив тоа што го викаме фантазија” – открива Викса.
 
Имено во емисијата слаткар искрено и отворено зборува за казната условен затвор која ја добил поради физички напад.

Пронајдете не на следниве мрежи: