Видео: Слушнете како звучи вселената!

Вистина е дека во вселената не може никој да нè слушне, но ние можеме да слушнеме како звучи вселената. Сте се запрашале ли некогаш какви звуци се слушаат во вселената?Ендрју Вилијамс, британски уметник, ги употребил податоците собрани од различни сателити и вселенски летала за да создаде неверојатни звуци кои би можеле да ги слушнеме кога би го вклучиле радиото на фреквенција од далечната вселена.
Во една од тие снимки, наречена Dawn Chorus е забележан звук на електрони како удираат во горниот слој на нашата атмосфера. Со оглед на тоа што сигналите се надвор од спектарот за слух на човечкото уво, звуците биле преработени и филтрирани за да можеме да ги слушнеме.
Поголемиот дел од податоците се од сателитот Cluster II на Европската вселенска агенција.

Ендрју Вилијамс, британски уметник, ги употребил податоците собрани од различни сателити и вселенски

Пронајдете не на следниве мрежи: