Елиот Судал (24) е снимен како се бори со два метри долгата ајкула на брегот на Нентакет. Со морскиот ѕвер се борел цели 45 минути без никакво оружје.
„Опседнат сум со рибарење. Имам фатено повеќе од 100 ајкули во последните осум месеци. Тоа ми е омиленото хоби“ – рекол Судал.
Изјавил дека се натпреварувал кој е посилен со два метри долгата ајкула полни 45 минтуи пред големата риба да се умори надвор од својот терен. Потоа му го додал стапот на својот помлад брат да ја убие, и се стрчал низ брановите.
„Најлудиот дел е оној кога мораш да одиш во водата и да ја зграпчиш за опашката, за да можеш потоа да ја извлечеш на брегот“ – рекол тој.
Еден од сведоците успеал да го сними овој несекојдневен спектакл со мобилен телефон, но стигнал да го сними само извлекувањето од водата.Елиот Судал (24) е снимен како се бори со два метри долгата ајкула на брегот на Нентакет. Со морскиот ѕвер се борел це