Видео: Спремете ги пуканките! – Македонски филмови на YouTube

Оваа статија е посветена на македонските филмови на Youtube.  
Ако сте расположени за добар филм, а не сте расположени да ги посетите нашите кино сали одлична  идеја е да погледнете некој филм на интернет. Па спремете ги пуканките зошто во продолжение ви откриваме 10 интересни македонски филмови кои ги има на Youtube. Погледнете го нашиот филмски избор за ваше бесплатно уживање.1. Прашина (2001)
Во филмот се одвиваат две паралелни приказни, една од крајот на 20 век и една од почетокот на истиот век. Една баба од Њујорк, но со потекло од Македонија раскажува приказна за човек од дивиот запад кој завршува во отоманска-македонија. Филмот е во режија на Милчо Манчевски, а одличниот саундтрак е дело на Кирил Џајковски.

2. Збогум на 20 век (1998)
Овој филм изобилува со библиско-митолошки елементи и народно творештво, а приказната се одвива во една постапоклипстична атмосфера. Филмот е поделен во три дела. Првиот се одвива во 2019 година,  вториот на почетокот на 20 век и третиот на новогодишната ноќ 1999/2000. Филмот е во режија на Дарко Митревски и Александар Поповски. Главните улоги ги толкува одлична актерска екипа составена од  Никола Ристановски,  Владо Јовановски, Лазар Ристовски, Софија Куновска – Матевска и Тони Михајловски.

3. Ова не е Американски филм (2011)
Забавно-авантуристичен филм кој раскажува приказна за ситна банда од Скопје предводена од „Шефот“ која сака да ја ограби американската амбасада. Филмот е во режија на Сашо Павловски, а улогите ги толкуваат Сенко Велинов, Игор Ангелов, Славиша Каевски, Ѓорѓи Јолевски, Златко Митревски, Кај Еванс, Тони Наумовски, Никола Ристановски.

4. Илузија (2004)
Филмот е приказна за едно талентирано дете од Велес, кое е злоупотребувано од своите врсници. Претставена е една мрачна слика на постјугословенска Македонија, портретирајќи ја како место подложно на насилство и корупција. Филмот е во режија на Светозар Ристовски, а улогите ги токуваат Мустафа Надаревиќ, Никола Ѓуричко, Владо Јовановски, Дејан Аќимовиќ и Марко Ковачевиќ.

5.  Пред дождот (1994)
Овој филм содржи три целини насловени како „Зборови“, „Лица“ и „Слики“ кои се поврзани меѓу себе. Приказната на „Зборови“ се случува во древен машки манастир каде младата албанка Замира бара засолниште од некакво зло. Помогната е од монахот Кирил. Приказната на „Лица“ е во сосема поинаква атмосфера во динамичниот и современ Лондон, каде македонецот Александар работи во позната фотографска агенција. Александар е вратен од Босна каде што фотографирал убиство. Во третиот дел „Слики“, Александар се враќа во родниот крај и ја наоѓа својата пријателка Хана. Ќерка на Хана, Замира е обвинета за убиство, а Александар пробува да и помогне…. Филмот е во режија на Милчо Манчевски, а главните улоги ги толкуваат Катрин Картлиџ, Раде Шебреџија и Лабина Митевска.

6. Караула (2006)
Караула е трагикомична приказна за караулата на македонско-албанската граница во поранешна Југославија. Филмот е во режија на Рајко Грлиќ, а улогите ги толкуваат Емир Хаџихафизбеговиќ, Верица Недеска-Трајковска, Сергеј Трифуновиќ, Тони Гојановиќ.

7. Големата Вода (2004)
Приказна за животот на децата во домот за сираци непосредно по завршувањето на Втората светска војна и стапувањето на комунистичко-социјалистичкиот режим во Македонија како дел од СФРЈ. Филмот е работен според истоимениот роман од Живко Чинго, а режиран е од Иво Трајков. Главните улоги ги толкуваат Митко Апостоловски, Мето Јовановски, Сашо Кекеновски, Верица Недеска, Маја Станковска.

8. Шампионите од шутка (2006)
Ова е документарен филм за најголемата ромска населба во Европа – Шутка. Во овој документарец на фасцинантен начин е претставен животот и културата во оваа занимлива скопска населба. Филмот е режиран од Александар Маниќ.

Извор: getlokal.mk1. Прашина (2001)
Во филмот се одвиваат две паралелни приказни,

Пронајдете не на следниве мрежи: