Видео: Србинка со велосипед поминала 28.000 километри: „Животот е краток за да го трошам на петдневната работа!“

Снежана пред две и пол години одлучила да го напушти класичниот, удобен живот во Белград. Станот го заменила со шатор, канцеларијата со велосипед. Снежана Радојчиќ поминала 28.000 километри со велосипед, 10.000 со воз и 4.000 километри патувала со авион. Две и пол години, Снежана поминала најнеобични дестинации во светот, а нејзината моментална база е во Непал. Одмара, вели таа, и пишува роман за патувањето низ светот на велосипед.

А се започнало кога нејзината мајка починала на 59 години. Таа сфатила дека животот е премногу краток за да биде потрошен на петдневната работа која ја презира заради викендот, кој би можела да го помине слободна. Таа не го сакала животот во кој не е своја.

Снежана го живее својот сон и да живее од својот сон, пишува блог, издава стан во Белград и така се издржува на патувањата.

Кога една вечер пред четири-пет години се запрашав: „Што е мојот сон во животот?“ Сфатив дека јас сосема заборавив какво е значењето на зборот „сон“. Морав да си го „преведам“ себеси тој збор, за да го проформулирам прашањето. „Што е она што навистина сум го сакала, додека се уште сум сонувала и верувала дека животот ќе излезе на начинот на кој јас сум си го замислувала за себе?“

„Научив многу од моите патувања, за различните култури и луѓето воопшто“

 Снежана Радојчиќ поминала 28.000 километри со велосипед, 10.000 со воз и 4.000 километри патувала со авион. Две и пол години, Снежана поминала најн

Пронајдете не на следниве мрежи: