Видео: Судир на полицијата со демонстрантите за Цар Душан

Полициското обезбедување веднаш го ограничи движењето на демонстрантите и ги притисна пред влезот на Старата скопска чаршија.Големо полициско обезбедување било распоредено на плоштадот „Филип Втори”, а дел од нив се упатија кон „Мавровка”. Својот револт демонстрантите го изразиле половина час по што се повлекле.
Полициското обезбедување сè уште останува распоредено пред мостот „Око”.
Безуспешни обиди за уривање на споменикот имаше и претходно, кога група демонстранти успеаја и да ја оштетат статуата. Низ Скопје можеа да се забележат постери со повици за протести, со крајна цел „соборување” на Цар Душан.
Споменикот предизвика кавги и нетрпение и меѓу пратениците во Собранието, посебно во албанскиот блок. Пратеникот на ДПА, Орхан Ибраими, обвини дека ДУИ дале дозвола за споменикот, иако според него цар Душан бил деспот кој убивал Албанци.

 
Градоначалникот на скопската општина Центар, Андреј Жерновски, формираше комисија која ја испитуваше легалноста околу поставувањето на спомениците на мостот „Око”, меѓу кои и оној на Цар Душан, одлука која веднаш беше поздравена од граѓанското движење „Разбуди се!”.
Зголеменото присуство на полицијата во центарот на Скопје во неколку наврати ја спречуваше толпата која со албанско знаме во рацете се обидуваше да се доближи до споменикот.
 
Големо полициско обезбедување било распоредено на плоштадот „Филип Втори”, а дел од нив се упатија кон „Мавровка”. Својот револт демонс

Пронајдете не на следниве мрежи: