Го спасила својот сопруг од сигурна смрт, откако тој се обидел да скокне од прозорот во нивната спална соба, односно од шести кат. Таа го држела за долната облека 20 минути се додека не дошла спасувачката екипа.Жена суперхерој! Линг Су од Кина, го спасила животот на нејзиниот сопруг Ванг Луј, кој се обидел да се убие скокајќи од шестиот кат од зградата во која живеат. Ванг по гаќи скокнал од прозорот, а Линг со својата брза реакција го фатила за боксериците и го спасила од сигурна смрт.
Линг го држела сопругот цели 20 минути, а потоа дошле спасувачките екипи.
-Слушнавме бука и викотници, а потоа го видовме човекот на прозорот. Навистина е силна штом успеа да го задржи до доаѓањето на екипите. Се обидовме да влеземе во станот, но вратата беше заклучена, а не можевме да ја разбиеме- изјавиле соседите.
Како што пренесуваат кинеските медиуми, човекот се обидел да изврши самоубиство поради тоа што бил во депресија затоа што останал без работа. На карајот, за својот живот, покрај на својта храбра сопруга, Ванг треба да се заблагодари и за квалитетот и цврстиот материјал од кој се изработени боксериците. Жена суперхерој! Линг Су од Кина, го спасила животот на нејзиниот сопруг Ванг Луј, кој се обидел да се убие скокајќи о