Легендарниот Карлос Сантана, по 40 години се сретна со својот некогашен тапанар и другар.
Средбата меѓу Сантана и Маркус се случила благодарение на новинарот Стенли Робертс, кој го пронашол Малоун на почетокот на месец декември додека истражувал за илегалните депонии.
Низ разгорвор со Маркус, новинарот дознал дека тој свирел и соработувал со Сантана до 1968 г. до моментот кога бил обвинет за злосторство и бил испратен во затворот во Сент Квентин. Кога излегол од затвор не можел да пронајде постојана работа и живеел на улица.
Кога Сантана ја видел емисијата на Робертс, веднаш заминал кон Оукленд, и со помош на новинарот се поврзал со стариот пријател.
Во продолжение погледнете ја нивната средба која е повеќе од емотивна.
Средбата меѓу Сантана и Маркус се случила благодарение на новинарот Стенли Робертс, кој го пронашол Малоун на почетокот на мес