Бела Девјаткина од Русија има само 3 ипол години, но говори дури 7 јазици.Иако звучи неверојатно, малата Бела говори руски, англиски, германски, француски, шпански, кинески и арапски.
Девојчето е натперварувач во руското талент-шоу и се бори за главната награда од милион руски рубљи, односно околу 14.400 евра.
Бела, како што ја нарекуваат нагалено, е весело девојче. Кога се појави во јавноста многумина помислија дека родителите ја присилуваат да учи јазици за да ја добие главната награда, но тоа не е така.
Таа едноставно е роден талент за јазици.
Мајка и и чита приказни на различни јазици, а таа ги впива нејзините зборови како сунгер.
Малата полиглотка ја одушеви публиката и жирито во шоуто „Волшебни луѓе“.
Иако звучи неверојатно, малата Бела говори руски, англиски, германски, француски, шпански, кинески и арапски.
Девојчето е натперварувач во