Директорката на училиштето во кое биле отруени, а потоа починаа некои од децата, се наоѓа во бегство. Шефот на локалната полиција Сујит Кумар изјавил дека властите ја бараат директорката за да ја испрашаат, јавува CNN.
Веднаш по првиот залак учениците почнале да повраќаат, а некои од нив се онесвестиле. Хоспитализирани биле 25 лица, а меѓу нив биле 24 ученици и готвачката во училиштето, чија улога во ова злосторство мора да се одреди.
Бахар, П.К. Шахи, министерот за образование на државата изјавил дека децата биле отруени со инсектицид кој бил во храната. Шахи додал дека на готвачката и бил сомнителен квалитетот на маслото кое го користела за подготовка на храната, но директорката и наредила да ја подготвува храната.
Готвачката ги отфрлила тие тврдења во едно интервју дадено во болницата. Таа изјавила дека не забележала ништо сомнително во маслото.
BBC јавува дека биле погребани 19 од 22 деца. Родителите сакаат овие гробови да бидат потсетник дека децата починале заради владината негрижа.
Бесплатните училишни оброци секојдневно хранат 120 милиони деца во 1,2 милиони училишта во Индија. Програмата била започната за да се зголеми бројот на деца кои посетуваат настава.Директорката на училиштето во кое биле отруени, а потоа починаа некои од децата, се наоѓа во бегство. Шефот на локална