Дона Ејрис е 33-годишна мајка на четири деца од Барнли, која е убедена дека веќе петта година по ред ја прогонува и малтретира духот на нејзиниот покоен брат Пол.Имено, нејзините проблеми со паранормалните активности започнале недолго откако нејзиниот брат починал во 2009 година, а за да му докаже на светот дека не е луда и дека не измислува, почнала да бележи и да објавува на Јутјуб што сѐ се случува околу неа, пренесе Daily Mail.
„Со брат ми имавме многу тежок однос и затоа сум убедена дека станува збор за него и дека неговата душа ме прогонува“, изјавила таа и додала дека пет години се преселува од едно на друго место, но дека не може да му избега на духот.
„Сѐ почна кога слушнав удари една вечер и видов траги од гребење по ѕидовите, а најлошото искуство ми беше кога духот не ми дозволи да станам од креветот“, додала жената чии записи би можеле да ве вознемират.
Затоа, размислете двапати пред да се одлучите да ги погледнете…
Имено, нејзините проблеми со паранормалните активности започнале недолго откако нејзиниот брат починал во 2009 година, а за да му докаже на светот