Иако најголемиот број на метеори или „ѕвезди кои паѓаат“ годинава ги очекуваме на 12 август, сепак нивната појава е веќе почната, пишува meteopro.mk.Најинтензивните летни метеорски дождови во лето на северната хемисфера се наречени Персеиди. Името го добиле по соѕвездието Персеј, бидејќи кога се набљудуваат метеорите, истите доаѓаат од правец на тоа соѕвездие. Од нашите краишта по полноќ, ова соѕвездие е во правец кон североисток. Просечно Персеидите даваат околу 60 метеори на еден час, но таа бројка може да биде и до 120 метеори на час. Се интензивираат со приближување на зората. Можат да бидат налик на линии на небото, но ако имате доволно среќа може да видите и понекој метеор налик на огнена топка.
Оваа година предноста за набљудување на метеорскиот дожд е тоа што на небото ќе имаме млада месечина, односно позатемнето небо. Засега прогнозата за метео условите ни оди во прилог и по се изгледа дека ноќта на 12 август ќе биде претежно ведра.Далеку од светлосното загадување на градовите ќе имате спектакуларен поглед на овој природен феномен. Уживањето е уште поголемо ако сте во природа, понастрана од урбана средина на некоја постелка, за да не Ве боли вратот кога ќе го набљудувате небото.
За да знаете што да очекувате, погледнете го видеото од минатогодинешниот метеорски дожд.
Извор: kurir.mkНајинтензивните летни метеорски дождови во лето на северната хемисфера се наречени Персеиди. Името го добиле по соѕвез