Зошто пред самитот на ЕУ се користи говор на омраза против Бугарија?Во емисијата „Во центар“ што се емитува на Алсат – М новинарот Васко Ефтов грубо ги навреди чувствата на бугарските граѓани користејќи ја старата теза дека во периодот 1991 – 92 поради кога сиромаштијата во соседната држава Бугарките масовно доаѓале во Македонија каде што давале сексуални услуги за тогашни 200 динари или таканаречени две црвени (две червени).
Приказната за двете црвени југословенски стодинарки често пати се користи на социјалните мрежи каде Бугарите тврдат дека Македонците се Бугари, а македонските блогери тврдат дека Бугарите се со татарско потекло. Ова е прв пат некој македонски новинар оваа теза јавно да ја искористи за телевизиска емисија во која Ефтов разговара со претставник на бугарското ВМРО – БНД.
Тезата на Ефтов предизвика нов револт на социјалните мрежи по што се засили говорот на омраза на двете страни.
Случајно или не, навредливите зборови за бугарските жени се случува на еден месец пред самитот на ЕУ во Брисел каде сеуште не е целосно јасно како ќе се постави владата во Софија во врска со датумот за преговори за Македонија.
Лани премиерот Борисов заедно со Грција беше творец на последното вето за Македонија.
Извор: РепубликаВо емисијата „Во центар“ што се емитува на Алсат – М новинарот Васко Ефтов грубо ги навреди чувствата на бугарските граѓани користејќи