Видео: Вучјак херој, да не било ова куче жената денес не би била жива!

Шенон пред три години била на рурален пат доживеала тешка сообраќајна несреќа, нејзиниот живот бил во опасност, но, благодарение на вучјакот што се појавил, успеала да остане жива…Додека лежела во нејзиното возило, напуштен германски овчар одеднаш излеголод шумата и тргнал кон возилото во кое била Шенон заглавена за да и помогне. 
„Се расправав со мојот сопруг и морав да излезам надвор да се смирам. Влегов во автомобилот, возев многу брзо и последното на што се сеќавам беше кога се разбудив заглавена на задното седиште со болки“, раскажала Шенон. 
Во следниот момент Шенон го чувствувала присуството на кучето, кое прво почнало да ја лиже на лицето прекриено со крв.
„После тоа почувствував како кучето ме влече. Ме зграпчи со забите за кошулата и почна полека да ме вади надвор од возилото низ прозорецот. Не сакаше да се откаже“, рекла Шенон.

 

Кучето ја влечело неколку метри за да ја оттргне од патот. Шенон забележала дека доаѓа возило во пресрет поради што успеала да се подигне за момент, да го запре возилото и да побара помош.
„Да не беше ова куче сигурно не би била повеќе жива. Благодарна сум за тоа што беше упорно и ме извади надвор од автомобилот“, додала Шенон.
После оваа приказна кучето било усвоено од центарот кој ги наоѓа и спасува изгубените животни.„Тој се снајде одлично во нашиот центар и е многу среќен кога трага по некојпредмет што ќе го оставиме во шумата“, изјавиле од центарот каде бил згрижен вучјакот.
Додека лежела во нејзиното возило, напуштен германски овчар одеднаш излеголод шумата и тргнал кон возилото во кое била Шенон заглавена за да и помо

Пронајдете не на следниве мрежи: