Видео: За казна ја избричила главата и јавно се извинила бидејќи преспала кај момчето

Loading...

Јапонската поп ѕвезда Минами Минегиши (20) била присилена да ја избричи главата и да сними јавно извинување, откако новинари од еден таблоид ја фатиле во моментот кога го напуштала станот на своето момче.
 
Ова несфатливо извинување досега е прегледано над пет милиони пати, а во видеото можеме да ја видиме расплаканата ѕвезда како со избричена глава бара прошка, што претставува традиционален чин во Јапонија.
 
Минегиши е член на популарата музичка група AKB48, а во видеото објаснува дека косата ја избричила истиот момент кога ги видела фотографиите на кои се гледа како го напушта домот на својот 19 годишен дечко Алан Ширахаме, скриена под маска и капа.
 
„Бев безгрижна и детинеста. Знам дека можеби е премногу оптимистички, но би сакала да останам Минегиши Минами од групата AKB48, доколку е тоа возможно. Како најстар член на групата моја должност е да бидам пример за помладите членови. Многу ми е жал“, изјавила меѓу другото пејачката, на која менаџерите, поради строгите правила кои и забрануваат романтични и сексуални односи и ја одредиле оваа казна.
 

loading...
Loading...