Една Чилеанка многу се изненадила кога кон крајот на јануари во својата кујна затекнала пума, јави сајтот „Метро“.Амалин и Адад од Сантајго подготвувале појадок кога ја забележала големата мачка.
– Подготвував појадок, кога оддеднаш… мислев дека тоа е куче затоа што прво видов само нозе, но тоа била пума. Вистинска пума, како оние од Зоолошка градина, рече Амалин.
Таа се искраде од кујната, фотографирала и ја заклучила пумата внатре и по телефон ја повикала државната служба за земјоделство и животни (SAG).
Нејзиниот син Николас Селма рече дека спиел на собата на катот кога го разбудило гласот на неговата мајка Амалин како вика „Пума!“.
„Се симнав и навистина видов дека имаме пума затворена во кујната“- изјави Селма.
Пумата не нападнала ниеден од нив двајца, а ни нивното куче, но затоа уништила некои делови од мебелот и ролетните.
Кога стигнале експертите од SAG, пумата и на нив им задала проблеми. Тие го гаѓале животните со стрелички за успивање, но таа неколку пати успеа да ги истресе од себе.
После некое време тие конечно успеале да го успијат животното и да ја изнесат од кујната.
Пумата претрпе мали повреди, па е однесена во локалната Зоолошка градина, каде ќе се грижат за неа.
Од полицијата рекоа дека животното сигурно било нечие милениче кое им избегало, или го пуштиле во дивина.
Погледнете го видеото…
Амалин и Адад од Сантајго подготвувале појадок кога ја забележала големата мачка.
– Подготвував појадок, кога оддеднаш… мислев дека тоа е