Видео:Добиле песна со последните отчукувања на срцето на нивниот 14-годишен син!

Брајан Шрек е музички терапевт кој работи во детска болница и ги снима последните отчукувања на срцето на неговите пациенти пред да умрат…Звуците од отчукувањата ги монтира заедно со нивната омилена песна, а снимката на крајот ја добиват родителите на децата.
Брајан користи импровизиран стетоскопски микрофон за да ги сними отчукувањата на срцето и потоа да ги спои со омилените песни на неговите пациенти.
Според Шрек, отчукувањата на срцето е многу моќна презентација на животот. Таква снимка добиле и Маргарет и Џереми Бенет, чиј син починал на 14 годишна возраст.
– Животот на нашиот син прерано згасна и тоа беше претешко за нас. Слушањето на мелодијата со отчукувањата на неговото срце, навистина ни помогна да ја ублажиме нашата болка, истакнал Џереми.

 
Маргарет и Џереми се многу благодарни на доктор Шрек за тоа што го направил за нив, и секојдневно ја слушаат песната „Lego House“ во која се додадени и последните отчукувања на срцето на нивниот син, кој починал на 28.февруари годинава.
Звуците од отчукувањата ги монтира заедно со нивната омилена песна, а снимката на крајот ја добиват родителите на децата.
Брајан користи им

Пронајдете не на следниве мрежи: