Видео:Го прогласија за мртов, и тогаш се случило вистинско чудо!

Животната приказна на 23-годишниот Сем Шмид ќе ве натера малку повеќе да имате верба во чудата на природата…Во октомври, 2011 година Сем доживеа верижна сообраќајка. Во сообраќајниот инцидент учествувале пет автомобили. Сем доживеал тешка повреда на мозокот, поради која медицинскиот тим го прогласил за мртов на местото на несреќата.
Кога бил одведен во болница, докторите разговарале со неговите родители за тоа да го исклучат од апаратите кои го одржувале во живот.
Но, во декември, кога неговите родители веќе размислувале за донирање на неговите органи, Сем се разбудил од кома.
После две години рехабилитација, Сем минатиот месец излегол од невролошкиот институт Бероу во Феникс.
„Изненаден сум од крајните резултати. Бев подготвен да ја прифатам сета  помош која ми ја нудеа овде, моето опоравување е базирано на многу труд и работа“, изјави Сем.
Многумина мислеа дека никогаш нема да се опорави од несреќата. Кога стигна во Бероу не можеше да оди, имаше проблеми со голтањето и говорот. „Неговата состојба најдобро може да се опише како кревка, физички и емотивна“, изјави невропсихологот Кристи Хаск.
Личноста која никогаш не се сомневаше во неговата способност за опоравување беше неврохирургот Роберт Спецлер. Наспроти тоа што другите имаа реални причини да веруваат дека мозокот на Сем е мртов, Спецлер веруваше дека Сем може да успее.

 
„Многу нешта тргнаа на лошо. Имаше крварење, анеуризам и мозочен удар, но немаше крвно згрутчување во највиталниот дел од мозокот, а сите знаеме дека од тоа не може да се опорави. Немаше масивен мозочен удар, поради кој би можеле да предвидиме дека нема шанси за егзистенција“, објаснува Спецлер.
Неговата мајка, Сузан Реган, опоравувањето на Сем го нарекува божји дар.
Секој ден му е подобро. Мислам дека тоа е чудо. Беше толку блиску до смртта и се врати назад.
Бог имаше голема улога во сето тоа, вели мајката.
Во октомври, 2011 година Сем доживеа верижна сообраќајка. Во сообраќајниот инцидент учествувале пет автомобили. Сем доживеал тешка повреда на мозок

Пронајдете не на следниве мрежи: