ВИДЕО:Како бесрамниот лажго стана капацитетен човек? Заев повторно лаже и се плука себеси!

Со потврдата дека СДСМ своите потписи ќе ги даде за предлогот Талат Џафери да стане прв Албанец претседател на Собранието на Република Македонија, на површина излезе целото лицемерие на Зоран Заев и СДСМ.Имено, пред помалку од година ипол, Талат Џафери за Зоран Заев беше бесрамен лажго кој на отворена сцена ја манипулирал јавноста со невистини. Сега, истиот тој Талат Џафери од истиот Зоран Заев е претставен како искусен и капацитетен човек кој ќе внел нов дух во Собранието.

Година ипол подоцна, ставот на Заев за Џафери е дека сега Џафери бил капацитетен човек, кој што го знаел Парламентот, имал искуство и ја знаел парламентарната демократија.
-Господинот Џафери поседува најголемо искуство во работењето на Парламентот и верувам дека има одлични шанси точно и тој да биде. Јас демократ човек сум, сакам заедно сите аргументи на маса. Мене ми е важно сите потенцијални партнери да имаат унисоно гледање, да пееме во исти хор, на еден исти начин. Мене ми е важно, а и на мојата политичка партијата да биде капацитетен човек, кој што го знае Парламентот, кој што има искуство, ја знае парламентарната демократија, рече Заев во своето гостување во Дневникот на Канал 5 завчера.
Имено, пред помалку од година ипол, Талат Џафери за Зоран Заев беше бесрамен лажго кој на отворена сцена ја манипулирал јавноста со невистини

Пронајдете не на следниве мрежи: