Опкружен со отсечени глави на кукли и тела без екстремитети, Мексиканскиот остров на куклите е доста привлечно место за туристите од целиот свет.Посветен е на девојче кое се удавило во блискиот канал Сочимилко, остров покриен со стотици кукли, оваа морничава атракција привлекува илјадници туристи. Ова е всушност пловечка градина, позната како чинампаси кои и припаѓале на Џулијан Сантани Бареири, пустиник, кој живеел во каналот.
Неговите бизарни креации се откриени во 90 – тите, кога локалниот совет дошол да го исчистат каналот. Сантана Бареира створил страшно бизарен остров во меморија на девојката чие тело било пронајдено во близина на неговиот дом.
Неколку дена од кога била пронајдена девојката, на истото место нашол кукла. Верувал дека духот на девојчето се наоѓало во неа, па ја закачил на дрво. Со текот на годините тој ги собирал старите кукли од канали па ги прикачувал на сидовите од неговиот дом и по дрвјата во околината.
Со откривање на островот, Сантана Бареиро станал локална славна личност, а посетителите му носеле кукли, па така островот за брзо време бил покриен со стотина кукли.
Санатана Бареир починал во 2001 година, се удавил на истото место каде било пронајдено телото на девојчето.
Посветен е на девојче кое се удавило во блискиот канал Сочимилко, остров покриен со стотици кукли, оваа морничава атра