Видео:Нема да поверувате колку долго ги нема перено фармерките извршниот директор на „Левис“!

Открил дека неговиот омилен пар на фармерки не ги перел повеќе од една година…Извршниот директор на компанијата „Levi’s“, ЧипБерг (56) говорел на конференција организирана од списанието „Fortune“ и признал дека моментално на себе носи неиспрани црни панталони.Открил дека овој омилен пар на фармерки не ги перел повеќе од една година.Тој признал дека разбира дека на себе има „валкани“ фармерки и дека за многумина тоа звучи грозно.Исто така, рекол и дека практикува неконвенционален метод за чистење на панталоните:

 
– Ги носам додека се туширам. Така можеби ги перам два пати во шест месеци. Ги облекувам, застанувам под туш, ќе ги намачкам со сапун и потоа ги сушам со фен, изјавил првиот човек на „Levi’s“.

„Levi’s Strauss“ во вторникот го прослави 141 роденден на најпознатиот бренд „501“.
Компанијата со седиште во Калифорнија, тежнее кон производство на фармерки кои ќе траат подолго, а ќе бараат помалку перење. Со задоволство ќе ги очекуваме.
На следната страница ќе може да го погледнете неговиот говор:

 
Извршниот директор на компанијата „Levi’s“, ЧипБерг (56) говорел на конференција организирана од списанието „Fortune“

Пронајдете не на следниве мрежи: