Видео:Ова 13 годишно девојче „растури“ на X – Factor

Тринаесет годишната Илма Карахмет од Сараево, со своето пеење вчеравечер предизвика солзи во очите кај публиката и судиите во првата епизода на балканската верзија на шоуто „Икс фактор“.Жирито во состав од Емина Јаховиќ, Жељко Јоксимовиќ, Кристина Ковач и Кики Лесендриќ станаа на нозе за време на изведбата на малата Илма, а Јоксимовиќ дојде пред неа и се поклони и ја бакна раката во знак на почит.
Публиката почна да скандира „Сакаме уште“ и аплаудираше неколку минути. „Ѕвездата е родена“ извикаа членовите на жирито.
– Ова не е „Икс фактор“ ова е сто пати „Икс фактор“. Со 13 години ова е најдоброто нешто што сум го чул во животот – изјавил Јоксимовиќ и додаде „Ова е чудо“.
Погледнете ја изведбата на малата Илма:

Вниманието на жирито го сврте и мултимедијалниот уметник од Црна Гора, Славко Калезиќ (24), кој просто со својата кореографија го крена на нозе жирито и публиката, како и белграѓанката Христина Вуковиќ (21).Жирито во состав од Емина Јаховиќ, Жељко Јоксимовиќ, Кристина Ковач и Кики Лесендриќ станаа на нозе за време на изведб

Пронајдете не на следниве мрежи: