Видео:Потресна приказна за Американката Џина, нарекувана „Дивото дете“!

За време на историјата, вниманието на научниците го привлече извесен број на „диви деца“, лишени од човечката интеракција и раната возраст која никогаш не можела во потполност да ги научи на комуницираат. Најпознатиот и најдобро документиран ваков случај, е случајот со Џини, девојчето родено во 1957 година во Калифорнија, за која е сниман документиран прилог и игран филм „Mockingbird don’t sing“. После многу години на проучувања и истражувања, на крајот завршила напуштена и заборавена.
За разлика од повеќето познати „диви деца“, кои такви настанале поради условите во кои пораснале(во дивина со животни), Џина во ваква состојба, нажалост ја донел сопствениот татко, кој со години да држел затворена во гаража. Била во темница, заврзана со ланци за стол со дупка од нокшир или за лулка која одамна ја надраснала. Кога на тринаесет години била ослободена, сеуште носела пелени.

Нејзината мајка, слабовидна стара жена, тврдела дека и самата била жртва на злоупотребата он сопствениот сопруг и како неможела да му се спротистави. Во текот на судењата е ослободена од сите тужења, додека таткото на девојчето се самоубил откако ја нашле.
Во времето кога е ослободена, Џина се движела со чудно „зајачко“ движење. Не пуштала никаков глас, бидејќи била казнувана кога била бучна, стално плукала, се гушкала самата себе и се повредувала исто така, и не била достапна за никаква комуникација.

Лекарите, неуролозите, психолозите и лингвистите кои ја проучувале Џина, истовремено биле загрижени за неа. Но, благодарение на интензивната работа и вниманието кое и било посветено, таа брзо напредувала. Научила да збори, граматички несовршено и со ограниченост, да изразува емоции, да ги обавува секојдневните активности и да одржува лична хигиена. Во есен 1974 година, Националниот институт за ментално здравје САД, ги укинал средствата за истражувањата и работата со Џина. Таа оди да живее со својата мајка, која е во меѓувреме ослободена од секакви тужења. Мајка и, установила набрзо дека е надвор од можностите да се грижи за Џина, па така таа променила голем број на семејства кои ја малтретирале и злоупотребувале. Во едно од нив, сурово ја казнувале за да не повраќа, па така таа од страв повторно престанала да зборува.
 Најпознатиот и најдобро документиран ваков случај, е случајот со Џини, девојчето родено во 1957 година во Калифорнија,

Пронајдете не на следниве мрежи: