Месец дена и беше потребно на тимот да го истражи целиот пештерски систем кој е откриен во кинеската провинција Чонгкун, а во него се наоѓа дури и облак со величина 51.000 метри квадратни.Авантуристите случајно наиделе на пештерата по име „Er Vang Dong“, која е толку огромна, има сопствен временски систем полн со облаци и магла кои се наоѓаат внатре во нејзините длабочини.
Експертите за истражување заедно со фотографи го проучувале овој голем пештерски систем кој се наоѓа во Кинеската провинција Чонгкунг, и ги направиле првите фотографии од ова чудо на природата. Тие биле воодушевени кога го пронашле влезот од самата пештера и огромниот облак внатре.
Фотографот и спелеологот Роби Шон, од Манчестер, бил дел од тимот од 15 научници во оваа мисија од месец дена, колку им било потребно да ги откријат сите тајни на ова пештерско чудо. Сите главни влезови биле длабоко под земјата и никогаш не ја виделе светлоста на денот, а оваа пештера никогаш не е прописно испитана – кажа Шон.
Кажа, како е навистина возбудливо кога прв стапнуваш на место кое е неоткриено и не знаеш што те очекува. Тој бил посебно возбуден од временскиот систем , од областа на воздушната кружна форма, исполнета во внатрешноста на пештерата.
„Густите облаци и маглата „висат“ од врвот на пештерата каде се заробени и само низ мал излез можат поминат низ „покривот“ – се изјасни воодушевениот спелеолог.
Новооткриената пештера не е единствената која има облаци во внатрешноста, а тоа се случува кога нивото на влажност се претвора во ладен воздух и формира големи облаци кои го пополнуваат целиот простор. Пештерата вклучува облак кој достигнува големина од 51.000 метри квадратни, додека реките и вегетацијата се на останатите катови од пештерата.
Голем дел од пештерите се тешко пристапни преку пешачкиот влез, додека некои бараат долго пливање во вода – изјави Британецот.
Шон изјави дека морале да бидат свесни за нивото на водата кое било доста високо во пештерата поради поројните врнежи.
Сливното подрачје во пештерата е масивно и наскоро пештерите можат да бидат сериозно опасни и непроодни, изјави страсниот љубител на природни убавини.
Авантуристите случајно наиделе на пештерата по име „Er Vang Dong“, која е толку огромна, има сопствен врем