ВИДЕО:Заев станува регионален проблем, Србија жестоко реагира на скандалозните изјави

Нарекувајќи го албански платеник спрските медиуми го пренесуваат скандалозното интервју на Зоран Заев дадено за Курир.рс, во кое, освен што ја релативизира состојбата во Македонија, опасно задира во соседските односи со Србија и по којзнае кој пат ги доведува на работ на меѓудржавен инцидент.Нарекувајќи го албански платеник спрските медиуми го пренесуваат скандалозното интервју на Зоран Заев дадено за Курир.рс, во кое, освен што ја релативизира состојбата во Македонија, опасно задира во соседските односи со Србија и по којзнае кој пат ги доведува на работ на меѓудржавен инцидент.

Во Србија постои исто така националистичко раководство, тоа е раководството на Вучиќ, кој што се декларираше себеси како лидер во регионот, но првата прилика кога дојде да биде загрозена неговата политичка кариера се покажаа сите негови националистички позциии, рече Заев во интервјуто.
На непотребните провокации на Заев одговорија министри од српската влада.
Потпретседателот на српската Влада и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ оцени дека пријателите на Србија не се однесуваат онака како што вечерва настапил лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев во интервјуто за српски „Курир“, пренесува РТС.
–Србите се најголеми и најдобри пријатели на Македонија, а вака како што Заев настапи не се однесуваат пријателите на Србија, изјави Дачиќ реагирајќи на изјавата на Заев дадена во интервју за српски „Курир“, дека во Србија на власт е „националистичко раководство“.
–Не знам со што Александар Вучиќ и Владата на Србија заслужија ваков брутален и скандалозен напад од страна на претендентот за местото македонски премиер Зоран Заев. Зарем не му се доста проблемите кои ги има во Скопје, па сега ги бара и во Белград, запраша Дачиќ.
Тој потесети дека Вучиќ со денови и месеци повикувал на мирно решение на проблемот во Македонија, немешајќи се во внатрешните работи, бидејќи тоа можело да предизвика нестабилност во целиот регион.
–Зошто Заев не ги напаѓа Рама и Тачи, туку Вучиќ? Не е тој толку наивен за да не знае дека концептот на Голема Албанија не е комплетен без Скопје, навел Дачиќ во изјавата доставена до Танјуг.
Според неговите зборови, како што македонските граѓани имале право на слободен избор на свое раководство, нема ни многу посилни земји од Македонија да одредуваат кого ќе изберат граѓаните на Србија, и како што нагласува Дачиќ, на тоа не можат да влијаат ниту многу поголеми лидери од Заев.
–Србија спрема Македонија беше искрена, ја призна под уставното име, иако поради тоа се замери со Грција. Ниту еден збор не изговори со што би се вмешала во нејзините внатрешни работи, а Македонија го призна Косово, гласаше против Србија во УНЕСКО и сега кандидат за премиер брутално го навредува раководството на Србија и убедливо избраниот претседател Вучиќ. Сега само уште фали да се изгласа резолуцијата за српскиот геноцид врз Албанците, изјави Дачиќ.
На ваквата изјава на Заев реагираше српскиот министер Александар Вулин, кој запраша дали Заев сам го смислил нападот врз Вучиќ, или тоа му го рекле Рама, Тачи или Џафери.Нарекувајќи го албански платеник спрските медиуми го пренесуваат скандалозното интервју на Зоран Заев дадено за Курир.рс, во кое, освен што ја рела

Пронајдете не на следниве мрежи: