Викенд хороскоп 06.09-07.09.2014

Loading...

Викенд хороскоп 06.09-07.09.2014Овен
Бидете претпазливи со новите познанства. Никако не се коцкајте. Во можност сте да поместите планини но потребна ви е помош. Не се задолжувајте.
Бик
Нема да биде така едноставно како што ви изгледа да постигнете успех во љубовта. Можно е малку да се преценувате и затоа немате успех. На останатите не им се допаѓа да бидат подредени. Секој успех може брзо да се претвори во пораз.
Близнаци
Успехот зависи само од вас. Потрудете се и ќе успеете. Во работата е можна емоционална напнатост, пропусти и грешки како и неправилен избор на партнерите. Не се искучени ни финансиски загуби.

 

Рак
Денес кај вљубените е можна брза промена на расположението. Можно е да има голема внатрешна тензија. Вашата оригиналност ќе ви помогне да се справите со проблемите.
Лав
Викендов ќе треба да направите избор помеѓу љубовните авантури и домашните обврски. Потрудете се да размислите добро пред да го направите изборот. Денес е од особено значење да се сретнете со некоја личност која ќе ви помогне во иднина.
Девица
Викендов вљубените девици ќе бидат многу среќни и радосни. Од една страна ќе биде љубовната врска а од другата страна реалноста. Работата викендов ќе ви носи задоволство а не замор.

 

Вага
Викендов ќе се чувствувате полесно и ослободено. Држете се до советите кои ги добивате. Сами нема да успеете да го добието она што го посакувате. Викендот е добар за прошетка.
Скорпија
Викендов Скоприите ќе се соочат со поинаков вид изненадувања. Многу од нив ќе го загубат разумот. А и многумина од нив ќе посакаат да си се одмаздат на самите себеси. Ќе ја предизвикаат судбината. Ако неодамна ја загубивте работата ќе имате предлог за нова.
Стрелец
Не брзајте со донесувањето на конечните одлуки. Можно е да имате несогласувања со децата. Не фалете се со успесите и не се лажете со лесни пари.

 
 
Јарец
Ќе се обидувате да ја контролирате љубовната ситуација и ќе сакате да ја преземете одговорноста. Можно е да ви се наруши душевната рамнотежа. Викендов не се предавајте целосно на работата.
Водолија
Планетите ви советуваат мирно и спокојно да ги добивате задоволствата во животот и не се сомневајте во искреноста на избраниците. Можно е верен пријател да ви побара помош. Ѕвездите не исклучуваат ситни пречки на патот но сепак успехот нема да изостане.
Риби
Емоционалниот и физичкиот замор се причина за незадоволството. Викендов е можно влошување на односите со блиските луѓе. Тргнете се на страна, затоа што заморот ќе ве направи нервозни. Овен
Бидете претпазливи со новите познанства. Никако не се коцкајте. Во можност сте да поместите планини но потребна ви е

loading...
Loading...