Викенд хороскоп 16-17.11.2013

Што ви предвидуваат ѕвездите за овој викенд?Овен
Викендов треба да го завршите започнатото. Немојте ништо да одложувате. Малку потрудете се и завршете ги сите обврски, па потоа уживајте во периодот кој ви претстои. Партнерот вешто ве лаже. Обидете се да дојдете до вистината.
Бик
Некоја личност целосно ќе ве освои викендов. Поради емоциите не сте во можност да ја согледате ситуацијата од прав агол. Доколку веќе сте во врска, крајно време е на партнерот да му ја соопштите вистината.
Близнаци
Следните денови некои пријателства ќе бидат ставени пред испит. Што и да излезе немојте да се нервирате. Пуштете ги сите оние кои треба да заминат од вашиот  живот, и посакајте им се најдобро. Внимавајте на здравјето. 

 
Рак
На работното место ве очекуваат пријатни промени. Ќе ви се јави некој на кого му се допаѓате а во моментов е во странство. По разговорот срцето ќе ви биде полно, но ќе бидете и малку потиштени. Чувствителен стомак.
Лав
Викендов ќе бидете посебно расположени и склони кон хедонистички начин на живот. Ќе се препуштите на уживањето викендов. Постои можност на работното место да го запознаете идниот партнер.
Девица
На работното место ве очекува гужва. Тоа нема да влијае на вашето расположение, туку баш напротив. Ќе бидете полни со елан, подготвени во секој момент да се шегувате со колегите. Можна е добивка.

 
Вага
Се стремите кон финансиска сигурност, а се другото воопшто не ви е важно. Размислувате позитивно, но и си играте, особено со туѓите емоции. Ви претстои важен разговор со партнерот.
Шкорпија
Добар дел од она што го работите ќе успеете да го претворите во пари. Пред тоа ве очекуваат проблеми. Морате сами да се изборите за она што ви припаѓа. Емотивниот живот ви е преполн со предизвици.
Стрелец
Уште се борите за нешто, за кое многу други веќе би се откажале. Финансиската ситуација наскоро ќе се подобри. Емотивно сте нестабилни. Голем број на потенцијални партнери, па одлучете се.

 
Јарец
Ви претстои убав викенд, особено ако се занимавате со креативно хоби. На најдобар начин ќе успеете да го пласирате она што сте го сработиле, но и добро да заработите од тоа.
Водолија
Овој викенд е совршен за работа и за финансии, особено ако се занимавате со продажба. Заработката ќе биде многу поголема отколку што сте очекувале. Во љубовта не е стабилно. 
Риби
Ви годи што сте забележани каде и да се појавите. Добрата репутација ви ги отвара сите врати. Постои можност за се вљубите во погрешна личност.Овен
Викендов треба да го завршите започнатото. Немојте ништо да одложувате. Малку потрудете се и завршете ги сите обврски

Пронајдете не на следниве мрежи: