Викенд хороскоп за 25.01.2014 – 26.01.2014

Викенд хороскоп за 25.01.2014 – 26.01.2014Овен
Викендов вредно ќе работите за да ги остварите целите, било материјални, било духовни. Бидејќи сте многу друштвени и толерантни, ве очекува еден многу пријатен и комуникативен викенд. Енормните количества вложени во креативни потфати-многу ќе ви се исплатат.
Бик
Евидентна е конфликтната ситуација, а и фактот дека не ви е лесно. Благодарение на движечката сила, ќе остварите одличини резултати, не им обрнувајте внимание на ситните препреки. Тие се нормален след на околностите, а Јарецот ги минира вашите активности, но не секирајте се.
Близнаци
Ќе се чувствувате слободно, па ќе покажувате заби на секој кој се обидува да ви го расипе расположението. Бидејќи постои опасност од сообраќајни незгоди, посебно врзани за странство, внимавајте. Пожелно е да избегнувате повеќе работи во исто време.

 
Рак
Успешен период за Раковите-политичари и оние што своите лични интереси ги потиснуваат во име на општествените. Доколку ви се укаже можност некој да ви даде пари на чување, не плашете се, бидејќи сте многу надарени за такви нешта.
Лав
Бидејќи сте многу тврдоглави, а со тоа имате силна личност, брачно-партнерските односи трпат. Некој мора да попушти, а вам ви здодеа тоа да бидете вие. Планирате како да го изненадите партнерот. Нема да ви успее, бидејќи постојано шокирате, дури се изненадувате самите себе.
Девица
Влеговте во одличен период за работа. Ако претерате можете да се разболите. Наредните денови од вас се очекува умереност во се, посебно во исполнување на работните задачи. Виталноста ве предупредува на тоа дека морате да се занимавате со спорт и да бидете во форма.

 
Вага
Импулсивни сте и превртливи. Бидејќи тоа не е ваша особина, сами на себе си се чудите. Се обидувате нешто да промените, но целосно сте збунети. Занимавајте се со спорт, тоа ќе ви помогне да се консолдирате. И партнерот бара внимание. Ако е Лав, дополнително треба да му удоволите.
Скорпија
Чувствувате агресивна потреба да се обезбедите за црните денови. Тоа не е лоша особина, ако никого не загрозувате. Периодот пред вас е добар за занимавање со недвижнини, селидба и слично – тргнете во акција. Водолијата ве поддржува во многу нешта.
Стрелец
Успешен деловен ден следен со многу контакти и договори. Имате добра астролошка поддршка, па сте во елемент! Пожелно е да соработувате со личности од знакот Овен и Близнаци, но и Девиците би биле добро решение. Доколку внимавате, можете многу да успеете.

 
Јарец
Вие вредно работите, планетарните аспекти укажуваат на одрекувања. Сепак, се поднесувате во границите на нормалата, бидејќи сте многу мотивирани. Тоа се однесува на заработувачката. Кога тргнавте во акција, бидејќи сте практични, се добро проценивте.
Водолија
Со самоувереноста и брзите акции ќе го решите она што до вчера ви се чинеше невозможно. Постои опасност од повреди, чувајте се. Зрачите со енергија, но многу сте нестрпливи, што може да има лоши последици. Доколку не успеете да ги совладате препреките, здравјето ќе трпи.
Риби
Се чувствувате лошо, имате впечаток дека не сте во состојба од себе да ја исфрлите негативната енергија. Што ли ве снајде? Како по обичај, ја преувеличувате ситуацијата. Морате да функционирате посилно и пооодлучно отколку што сте за тоа способни. Навикнете се!Овен
Викендов вредно ќе работите за да ги остварите целите, било материјални, било духовни. Бидејќи сте многу друштвени и

Пронајдете не на следниве мрежи: