Откријте што ви предвидуваат ѕвездите за последниот ден од месец февруари и првиот ден од март.Овен
Обидете се малку да ја контролирате страста во љубовта. При разговорот со најблиските не се обидувајте постојано да ја наметнувате својата волја. Искористете го слободното време за малку повеќе спорт.
Бик
Нема да можете да ги разберете вистинските причини за навредите од саканата личност. Ви изгледа како да испуштате важни детали од вашиот однос. Колку и да сте подготвени некому да му помогнете, можно е викедндот да го поминете зад затворени врати. Споделувајте ги мислите само со најблиските и пријателите. Не сакајќи да занемарите ниту еден свој близок пријател, може пред себе да си ставите толку задачи што нема да можете да ги извршите сите.
Близнаци
Можно е да се најдете во ситуација да треба да ги заштитувате чувствата. Многу Близнаците претпочитаат да се движат право кон целта по цена на сѐ, само да го постигнат зацртаното.
Рак
Викендов неопходни ви се внимание и љубов, па можно е да не бидете во состојба да се контролирате. Така, со вашата агресивност може да ги навредите најблиските. Ќе одложувате некои работи, надевајќи се дека тие ќе се решат сами од себе.
Лав
Тешко ви е да изберете партнер, бидејќи очекувањата ви се превисоки. И покај тоа што Лавовите се домаќини, тие нема да ја жртвуваат работата и кариерата за семејството. Способни сте да изразите нови принципи во животот и преку драстично авторитетна и хармонична форма да го наметнете своето влијание.
Девица
Можно е смирување кај некои партнери кои биле во врска, но сепак дел од Девиците сѐ уште се далеку од хармонијата. Научете се да се радувате на добрите работи кои ви ги нуди животот. Децата можат да станат силна врска во брачните односи.
Вага
Новите планови бараат од вас активност, ширење на кругот на познанства и воспоставување на деловни контакти. Можен е успех на финансиски план. Периодот е пријатен за склучување договори.
Скорпија
Доколку нешто излезе како што не сте го планирале, сите емоции можат да излезат од вас и да предизвикаат хаос. Невозможно е блиските да ве убедат во спротивното. Вродената подвижност, живост и беспрекорниот ум можат да ве стават во центарот на вниманието.
Стрелец
Во определени моменти ќе бидете емотивни. Обидете се да се стрпите, бидејќи може да погрешите. Можеби и ја цените саканата личност, но и покрај тоа сте површни. Не обрнувајте внимание на шегите на пријателите и блиските.
Јарец
Можно е лудо да се вљубите овој викенд. Одличен период за дружење со пријателите и најблиските. Ве очекуваат пријатни промени на работа.
Водолија
Вљубените Водолии изгледаат маѓепсано и привлечно. Ќе ви се пружи прилика за решавање на проблемите. Поминува тешкиот, стресен и напорен период – време е да ги берете плодовите од вашата макотрпна работа.
Риби
Можно е да дознаете не баш пријатни информации за своите партнери или блиски луѓе. Бидете почувствителни кон потребите на другите луѓе. Сѐ што правите ѝ дава печат на вашата индивидуалност.Овен
Обидете се малку да ја контролирате страста во љубовта. При разговорот со најблиските не се обидувајте постојано да ј