Викиликс го потврди постоењето на вонземјаните – прв дел

Веќе се приближуваме кон средината 2014 година и светот се` повеќе се осврнува на фактот дека не сме сами во универзумот. Само оваа година видовме огромен чекор напред кон откривањето на НЛО.Во почетокот на мај, многу истражувачи, активисти, политички лидери и високи воени агенции од целиот свет сведочеа за вистинитоста на феноменот за постоењето на НЛО пред неколку поранешни членови на Конгресот САД.
Не само што светот слушна многу веродостојни изјави од сите овие луѓе, НАСА исто така објави официјална документација за феноменот на НЛО и вонземјаните. Документите укажуваат на тоа дека НЛО се предмет на интерес на многу влади ширум светот и дека се вложува многу време, напор и ресурси во истражувањата поврзани со нив. За разлика од владите, агенциите како што е Националната агенција за безбедност, исто така издаде датотеки во врска со постоењето на НЛО и вонземјаните.

 

Факт е дека НЛО се следат на радарот и дека вршат маневри кои им пркосат на нашите идеи за физиката. Авионите постојано се обидуваат да им се доближат, за да ги видат одблиску, но безуспешно. Тоа веќе не е теорија на заговор, тоа е факт. Ослободувањето на датотеките почна во почетокот на 2007 година, во Велика Британија. Оттогаш јавно се пуштаат илјадници страници секоја година, а најнови се оние кои беа објавени во јуни 2013 година, кои беа ставени на располагање во Националниот архив на Велика Британија.
Зад сцената, високи воздухопловни службеници се загрижени за НЛО. Но, преку официјалната тајност и потсмев, многу граѓани се доведени да веруваат дека непознатите летачки објекти се чиста глупост. Поранешен директор на ЦИА, Roscoe Hillenkoetter, 1960.
НЛО/вонземскиот феномен е исклучително врвна тајна и пристапот до овој вид на документација и вистината зад неа, е речиси невозможен. Директорите на ЦИА, како и претседатели и други високи претставници, едвај имаат пристап до овие програми. Но, би можело да се рече дека сите информации кои веќе се во јавниот домен, се огромни. Тоа сигурно ги тера луѓето да се прашуваат колку длабоко треба да се копа, за да се дознае изворот на овие информации.
Утре ќе можете да го прочитате вториот дел…Во почетокот на мај, многу истражувачи, активисти, политички лидери и високи воени агенции од целиот свет сведочеа за вистинитоста на феноменот за

Пронајдете не на следниве мрежи: