Пратеник во британскиот парламент, министер на трговијата, министер на колониите, министер за финансии, лидер на Либералната партија, премиер. И што е најважно – голем пријател на Македонија.Познатата девиза на Вилијам Гледстон е: МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ
Вилијам Гледстон бил првиот истакнат и влијателен британски политичар кој јавно се заложил за Македонија и Македонците. Тој е е роден во 1809 година, а неговиот активен политички ангажман започнал во 1832-година кога станал член на Британскиот парламент.
Сите го знаеме цитатот „Македонија на Македонците”, но малкумина од нас знаат дека тоа го кажал Вилијам Гледстон, човекот кој бил четири пати премиер на Велика Британија, повеќе пати од кој било друг. Вилијам Гледстон ова го кажал на 19 јануари 1897 во тврдината Хаверден, Честер, а подоцна на 6 февруари 1897 било објавено во The Times.
Во продолжение е цитат на македонски и англиски јазик:
„Безнадежноста на турската управа ќе ме натера да станам со задоволство сведок на нејзиното истерување од земјите што ги потчинила: и тоа без да се знаат изворите што се готови да го поддржат бунтот. Јас лично не се осмелувам да преземам на себе одговорност за каква било негова поддршка. Уште полошо и посрамно од самата турска управа е постоењето на љубомора помеѓу Грците и Словените и плановите на постојните држави за присвојување на туѓи територии.
А зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите? Иако се тие сите мали и слаби, нека се остават да се поврзат меѓусебно за одрана, така што не ќе можат да бидат голтнати од другите, било големи или мали, кое веројатно ќе дојде како последица од нивните меѓусебни караници.” – Вилијам Гледстон, тврдината Хаварден, Честер, 19 јануари 1897, објавено во The Times, 6 февруари 1897.
“The hopelessness of the Turkish Government would make me witness with delight its being swept out the countries which it tortures: but without knowledge of resources available to support the revolt. I dare not take the responsibility of encouraging it in any fort or degree. Next to the Ottoman Government nothing can be more deplorable and blameworthy than jealousies between Greek and Slav, and plans by the States already existing for appropriating other territory.
Why not Macedonia for Macedonians, as well as Bulgaria for Bulgarians and Servia for Servians? And if they are small and weak, let them bind themselves together for defense, so that they may not be devoured by others, either great or small, which would probably be the effect of their quarrelling among themselves.” – W. E. Gladstone, William Gladstone, a British Statesman sent a letter addressed to the President of the Byron Society Hawarden Castle, Chester, January 19th, 1897, Published in The Times, London, 6 February, 1897
Ова е само мал доказ и поткрепа дека Македонија е на страната на вистината и правдата и треба да истрае во својата борба како што истрајале и нашите предци.Познатата девиза на Вилијам Гледстон е: МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ
Вилијам Гледстон бил првиот истакнат и влијателен британ