Скопје, 28 март 2014 – Втора година по ред, Вип се вклучува во глобалната акција „Часот на планетата Земјата“ која годинава ќе се одбележи утре, 29-ти март 2014-та, од 20.30 до 21.30 часот.
Во овој час, во знак на поддршка на оваа акција за заштита на животната средина и климатските промени, Вип ќе ги исклучи светлата во сите работни простори, како и сите светлечки реклами на продажните места ширум земјата и во седиштето на компанијата во Скопје. Кон оваа акција исто така ќе се приклучат и вработените на Вип и нивните семејства кои во рамките на тој час ќе го дадат својот придонес за планетата Земја, а во рамки на глобалната акцијата, покрај Вип активно учество ќе земат и сите останати компании на Телеком Австрија Групацијата.
Во исто време, Вип ги повикува сите свои корисници да се приклучат кон оваа иницијатива и со симболичен гест и придонес да го поддржат “Часот на планетата Земја”.
Уште од самиот почеток, Вип делува одговорно во сите сфери од своето работење на македонскиот пазар. Како потврда за тоа се бројните проекти од општествен интерес во областа на заштита на животната средина, кампањи за корисниците со цел намалување на хартија за печатење на сметки и преминување на онлајн билинг, оптимизација на потрошувачка на електрична енергија и сл., а неизоставен дел се и проектите за поддршка на здравството, култрата и спортот.
Часот на планетата Земја претставува најголемa светска волонтерска акција со еколошки карактер, која под мотото “Твојата моќ: Зголемена, засилена, глобализирана”, има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силна порака за спас на планетата. Оваа година, акцијата се одржува на 29 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време светилките ќе ги исклучат голем број на индивидуалци, бизниси, организации и влади во над 8.000 градови низ 154 држави ширум светот, меѓу кои е и Македонија Во овој час, во знак на поддршка на оваа акција за заштита на животната средина и климатските промени, Вип ќе ги исклучи светлата во сите раб