Вип стартува со примена на регулирани цени за роаминг услуги во Србија, Црна Гора и БиХ

Согласно Одлуката на АЕК Вип започнува со примена на регулирани цени за роаминг услуги во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина за сите Вип постпејд и припејд корисници.Корисниците на Вип ќе плаќаат регулирани цени за роаминг услугите во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина и тоа: за појдовни разговори од Србија, Црна Гора или БиХ кон дома и кон овие земји новата цена изнесува 21,11 денари за минута, за дојдовните разговори се наплаќа 5,83 денари за минута, за испратена СМС порака 6,55 денари, а користењето мобилен интернет во некоја од споменатите земји ќе се наплатува по цена од 50,96 денари за 1МБ. Сите цени се со вклучен ДДВ.
Овие регулирани цени ќе се применуваат од 1-ви јули 2015 до 30-ти јуни 2016 година.
За користење на регулираните цени во овие земји не е потребна дополнителна активација за оние корисници кои користат регуларен роаминг ценовник, додека можноста за користење на специјални роаминг опции и пакети останува на избор на корисниците.
Повеќе информации во однос на целокупната роаминг понуда на Вип, како и во однос на советите за користење на услуги во роаминг, корисниците можат да добијат со јавување на 077 1234 или на www.vip.mk.Корисниците на Вип ќе плаќаат регулирани цени за роаминг услугите во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина и тоа: за појдовни разговори од Србија

Пронајдете не на следниве мрежи: