Виртуелното девојче привлече многу педофили на интернет!

Организација направи виртуелно 10-годишно девојче од Филипини наречена „Sweetie” (Слатка), која успеа да привлече личности од 65 држави. Материјалите и се предадени на полицијата.Имено, организацијата Terre des Hommes се обидува да ја поттикне свеста кај жителите за брзото ширење на педофилијата и искористувањето на децата. Имено, само на Филипини има повеќе од 10.000 жртви.
За помалку од два месеца активистите на организацијата откриле повеќе од 1.000 личности кои се подготвени да им платата на децата од земјите во развој за извршување на сексуални активности пред веб-камера.

 
Токму затоа било создадено виртуелно девојче кое успеало да привлече личности од 65 држави. Имено, двајца од оние што успеала да ги привлече се од Хрватска, а двајца од Босна.
 
Имено, организацијата Terre des Hommes се обидува да ја поттикне свеста кај жителите за брзото ширење на педофилијата

Пронајдете не на следниве мрежи: