Вирус се шири преку фејсбук

Нов вирус кој краде лични податоци и пари од сметки, а се шири со помош на линкови на Фејсбук е откриен од страна на експертите за безбедност.
Злонамерните линкови се откриени од страна на Trend Micro кои се поставуваат од лажни Фејсбук профили, што се под контрола на криминална интернет група
Од компанијата тврдат дека најверојатно постојат многу такви линкови и корисниците не се ни свесни дека ги шират.
Вирусот влегува во група на тројанци и се шири со клик на линкови, а после инсталацијата ги скенира сите документи и краде приватни подароци. Вирусот во себе содржи и keylogger функционалост што му овозможува да собира податоци и при нивното внесување од тастатура – адреса за најава за електронско банкарство, лозинки, број на картички и сл.
Овој вирус, познат под името Zeus Trojan или ZBOT, постои повеќе од 7 години, но со појавата на социјалните мрежи повторно доживеа експанзија, при што само во САД биле заразени околу 4 милиони компјутери, а може со години да работи во позадина на оперативниот систем.
Повторниот раст на распространување вирусот го има од почетокот на оваа година и кон крајот на мај веќе го достигнал својот врв. Главна цел на напади се сите оперативни системи освен Windows, а од Kaspersky Lab  е потврдено дека се откриени неколку верзии на вирусот кои ги напаѓаат и Blackberry и Android уредите.
Од Фејсбук велат дека ги скенираат серверите во потрага по вирусот.Нов вирус кој краде лични податоци и пари од сметки, а се шири со помош на линкови на Фејсбук е откриен од страна на е

Пронајдете не на следниве мрежи: